Трет британски државјанин е осомничен дека е заразен со хантавирус по појавата на болеста на крузерот „МВ Хондиус“, објавија британските власти.
Пациентот моментално е на оддалечениот атлантски остров Тристан да Куња, каде што бродот застана кон средината на април.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеУште двајца Британци се позитивни на хантавирус. Едниот е во стабилна состојба во Холандија откако беше евакуиран од бродот во среда, додека другиот останува на интензивна нега во Јужна Африка каде што беше однесен минатиот месец, јавува Би-Би-Си.
Досега, на бродот се потврдени пет случаи на хантавирус. Властите објавија дека едно од трите лица кои починаа за време на патувањето било заразено и со вирусот.
Се очекува бродот „МВ Хондиус“ да пристигне овој викенд на Канарските Острови, каде што британските власти организираа авион за враќање на британските патници и екипаж во Обединетото Кралство.
Иако ниту еден од преостанатите Британци на бродот моментално не покажува симптоми, од нив ќе биде побарано да се самоизолираат откако ќе се вратат дома.
Британецот Мартин Ансти, 56, поранешен полицаец и водич на експедицијата на бродот, беше евакуиран во Холандија во среда заедно со 41-годишен холандски член на екипажот и 65-годишен германски државјанин.
Тој за Би-Би-Си изјави дека се чувствува „добро“ и дека неговата состојба е стабилна.
Друг британски патник, 69-годишен маж со потврден случај на хантавирус, беше префрлен во Јужна Африка на лекување кон крајот на април. Официјалните лица велат дека тој останува на интензивна нега, но се подобрува.
Двајца други британски државјани моментално се самоизолираат во Велика Британија по можна изложеност на вирусот. Тие се асимптоматски и се самоизолираат доброволно.
Тие беа дел од група од 30 лица од 12 различни земји, вклучувајќи седум Британци, кои се истоварија од бродот во Света Елена на 24 април, според операторот „Оушнвајд експедишн“.
Компанијата објави дека првиот потврден случај на хантавирус на бродот е пријавен на 4 мај и дека сите патници кои се истовариле од бродот се контактирани.
Четворица Британци кои се истоварија на Света Елена остануваат таму. Тие се асимптоматски, но се во постојан контакт со здравствените власти. Се наведува дека медицински екипи ќе бидат испратени на островот за да обезбедат поддршка.