KOHA.net

СВЕТОТ

17-годишник уби ученик и рани уште двајца во училиште во САД

САД

Фото: Асошиетед прес

Седумнаесетгодишно момче се самоуби откако во средата смртно застрела ученичка и рани две други во средно училиште во Нешвил, соопшти полицијата.

Портпаролот на полицијата на прес-конференција изјави дека во моментот на пукањето во училишната зграда имало двајца полицајци кои откако ги слушнале истрелите веднаш излегле на лице место, но во тој момент напаѓачот се застрелал, пренесува АП.

Училиштето има околу 2,000 ученици и се наоѓа во предградие на Нешвил, на околу 16 милји југоисточно од центарот на градот.

Во последно време во Нешвил пукањата во училиштата беа главни вести. 

Во март 2023 година, вооружен маж уби три 9-годишни и тројца возрасни во приватно христијанско основно училиште во градот.