KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Нетанјаху призна дека Израел го извршил нападот врз вработените во „Светската централна кујна“

Бенјамин Нетанјаху

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ја презеде одговорноста за воздушниот напад во Појасот Газа, каде загинаа шестмина вработени во американската добротворна организација „Светска централна кујна“ и нивниот палестински возач.

Нетанјаху го опиша инцидентот како ненамерен и го објасни како нешто што се случува во војни.

„За жал, неодамна се случи трагичен инцидент на ненамерен напад на нашите сили врз невини луѓе во Појасот Газа. Тоа се случува во војна“, изјави израелскиот премиер.

Тој најави дека е во контакт со странски влади чии граѓани биле жртви на израелскиот воздушен напад.

„Ние сме во контакт со владите и ќе направиме се за тоа да не се повтори“, додаде Нетанјаху.

Изјавата на израелскиот премиер доаѓа откако израелската армија во текот на денот негираше дека е одговорна за нападот кој предизвика многу реакции и беше осуден од меѓународните лидери.