Во седиштето на НАТО во Брисел, денеска амбасадорите на 29-те земји членки на Северноатлантската алијанса го потпишаа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.
Во наредниот период ќе биде ратификуван во парламентите на сите земји-членки, пренесува Журнал.
„Тоа беше тежок пат, полн со компромиси. Ве чекаме да ни се придружите долго време. Учествувајте во мисиите на НАТО и завршете ги неопходните реформи за да станете 30-та членка на НАТО. По потпишувањето, процесот на ратификација продолжува и не се сомневаме дека ќе биде ратификуван од сите земји членки“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Од друга страна, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, изјави дека сме подготвени да ги преземеме обврските што не очекуваат за полноправно членство во НАТО.
„Македонија наскоро ќе биде Северна Македонија, ова е прашање на денови. Докажавме дека можеме да ги решиме проблемите со кои се соочуваме. Ова ќе испрати смирувачка порака до регионот каде што се уште има неизвесност. Подготвени сме, тука сме, ќе ги преземеме сите обврски што не очекуваат за членство во НАТО. Се надевам на ефикасна ратификација“, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.
Грција го блокираше членството на Македонија во НАТО цела деценија како резултат на спорот за името. Атина го смета името на поранешната југословенска република како закана за нејзиниот административен регион Македонија.
-
Вашингтон прави уште еден чекор напред за членство на Северна Македонија во НАТО
-
Македонија денеска го потпиша протоколот за пристапување во НАТО
- Стратешка победа на НАТО на Балканот со потпишувањето на членството на Северна Македонија
-
Македонија на 6 февруари во НАТО
-
Се очекува потпишувањето на Протоколот со кој Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО