Белгиското федерално обвинителство откри и приведе осомничена терористичка група во четврток, под сомнение дека планирала напад врз премиерот на земјата, Барт де Вевер, објави во четврток „Еуроњуз“.
Според локалните медиуми, за време на претресот во населбата Деурн во градот Антверпен, истражителите пронашле експлозивна направа за која се сомнева дека била поставена на дрон за да се изврши нападот.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеТројца млади мажи – родени во 2001, 2002 и 2007 година – кои живеат во Антверпен се уапсени.
Обвинителството објави дека се отворени истраги за „обид за терористичко убиство“ и „учество во активности на терористичка група“.
За време на претресот беа запленети и 3Д печатач и електронска опрема. Не е познато на која терористичка група можеби припаѓале осомничените.
„Овој случај покажува дека полицијата, обвинителството и безбедносните служби секогаш мора да бидат внимателни во врска со ризикот од терористички напади“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Барт де Вевер стана премиер на Белгија во февруари по долги преговори за формирање коалиција што ја помести земјата понадесно. Тој е првиот премиер од фламанскиот регион што ја предводи Белгија.