Кремљ во средата соопшти дека Русија ќе даде „соодветни“ одговори доколку Соединетите Американски Држави и дозволат на Украина да користи американски ракети со долг дострел АТАКМС за да ја нападне руската територија, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано бараше дозвола од Западот да користи американско оружје за да ја нападне Русија.
Коментарите на Кремљ доаѓаат по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека неговата администрација работи на укинување на ограничувањата за употреба на американски ракети од страна на Киев. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека изгледа „Вашингтон веќе одлучил да и дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел за да ја погоди Русија“.
Според него, Москва би дала „соодветен“ одговор доколку тоа се случи. Дури и ако договорот биде постигнат, Киев ќе мора да чека неколку месеци за САД да се справат со техничките прашања пред какви било испораки.
-
Украина ја нападна Русија со американски ракети, соопшти Кремљ
-
Русија одговори на одлуката на САД: Се заканува со нуклеарно оружје
-
Одлуката на Бајден за оружјето со долг дострел ја налути Москва
-
„Ракетите сами ќе зборуваат“ - Зеленски за американските воздушни системи што ги дозволи Бајден
-
Бајден и дозволува на Украина да користи ракетен систем со долг дострел