KOHA.net

СВЕТОТ

Руското министерство вели дека е „тешко да се поверува“ дека Исламската држава го извршила нападот во Москва

Нападот на театарот во Москва каде загинаа речиси 140 луѓе

Фото: Асошиетед прес

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека е „исклучително тешко да се поверува“ дека Исламската држава имала капацитет да изврши напад врз концертна сала во Москва минатиот петок. Во нападот загинаа најмалку 140 луѓе.

Руските власти постојано фрлаат сомнеж на тврдењата на западните разузнавачки служби дека ИД е одговорна за нападот, и покрај тоа што самата група ја презема одговорноста, објави Гардијан.

Русите сугерираа дека Украина и западните земји, вклучително и САД и Британија, одиграле улога, но без да дадат никакви докази.

Украина ги отфрли обвинувањата на Русија за вмешаност во нападот. САД и Франција рекоа дека имаат разузнавачки информации дека ИД стои зад нападот.