Властите во германскиот град Келн евакуираа три болници и илјадници домови откако беше откриена неексплодирана бомба од Втората светска војна за време на работата на новиот медицински кампус, пишува The Guardian.
Американската воздушна бомба тешка 1000 килограми ќе биде деактивирана во петок.
Властите подготвија план за евакуација пред шест месеци кога почнаа работите во кампусот, бидејќи се стравуваше дека ќе бидат откриени неексплодирани убојни средства.
Околу областа каде што се наоѓа бомбата е создадена зона за евакуација од 500 метри. Градските власти велат дека експертите им кажале дека можеби има уште осум неексплодирани бомби, но дека тоа може да се утврди само со дополнително ископување.
Операцијата за евакуација, според властите, била најголема од ваков вид од 1945 година.
Келн беше меѓу најтешко бомбардираните градови во Европа за време на Втората светска војна. Евакуациите поради пронаоѓање бомби се случуваат секоја година, а исто така се вообичаени и во другите големи градови во Германија кои беа тешко погодени, вклучувајќи го и Берлин.