KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Мексико е подготвено да ја легализира рекреативната употреба на канабис

Долниот дом на Мексико го одобри нацрт-законот со кој се очекува да се легализира рекреативната употреба на канабис.

Сега се очекува предлог-законот да оди во Сенатот на конечно гласање, за кое партијата на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор верува дека ќе помине.

Донесувањето на овој предлог-закон ќе го направи Мексико најголемиот регулиран пазар за канабис во светот. Оваа земја водеше крвава војна против моќните нарко картели, од кои секоја година гинеа илјадници луѓе, пишува Би-Би-Си.

Предлог-законот беше одобрен во првото читање во Сенатот во ноември минатата година, но измените беа проследени на уште едно гласање во Долниот дом, и на крајот повторно во Сенатот.

Законот ќе им овозможи на луѓето да носат до 28 грама канабис и до осум растенија дома за лична употреба. Во меѓувреме, во моментов е нелегално лице да носи повеќе од пет грама канабис.

Мексиканскиот претседател е оптимист дека законот ќе и помогне на земјата да ги држи под контрола моќните нарко картели.