Европската унија во средата ги објави своите контрамерки на тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тие ќе стапат на сила на 1 април.
ЕУ предупреди на контрамерки во вредност од 26 милијарди евра.
Одлуката доаѓа откако администрацијата на Трамп официјално ги зголеми царините за целиот увоз на челик и алуминиум за 25%, пренесува АП.
„Додека САД применуваат царини во вредност од 28 милијарди долари, ние одговараме со контрамерки во вредност од 26 милијарди евра (28 милијарди долари)“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во изјавата.
Комисијата управува со трговските спорови во име на 27-те земји-членки.
„Ние секогаш ќе останеме отворени за преговори. „Силно веруваме дека во свет исполнет со геополитичка и економска несигурност, не е во наш заеднички интерес да ги оптоваруваме нашите економии со царини“, додаде фон дер Лајен.
Комисијата соопшти дека овие контрамерки ќе ги погодат производите од челик и алуминиум, но и текстил, кожни производи, апарати за домаќинство, прибор за домаќинство, пластика и дрво.
Ќе бидат погодени и земјоделските производи, вклучувајќи живина, говедско месо, некои морски плодови, јаткасти плодови, јајца, шеќер и зеленчук.