KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Баровите и рестораните затворени, шкотските келнери го „напаѓаат“ Парламентот со коцки мраз

Работници во барови и ресторани во Шкотска фрлиле огромен куп коцки мраз пред шкотскиот парламент.

Ова е направено во форма на протест за нивно повторно затворање како дел од мерките против коронавирусот, пренесува А2.

Шкотската влада нареди затворање на баровите, рестораните и пабовите до 25 октомври, дозволувајќи им да служат само храна за носење или пијалок.

„Не знаеме што ќе се случи со нас. Лошо го поминавме првиот бран затоа што не работевме, сега пак не затворија. Дали ќе работиме за Божиќ и Нова Година? Ништо не знаеме“, вели вработен во ресторан.