Околу 20 шатори беа поставени во неделата попладне во дворот на Универзитетот во Болоња во Италија, во знак на протест за војната Израел-Хамас.
Студентите од римскиот универзитет Ла Сапиенца, исто така, се очекува да постават шатори во знак на протест против израелската влада во понеделник, јавува Асошиетед прес.
„Италијанската влада и универзитетските институции и воопшто сите западни земји мора да ја прекинат соработката со израелската влада и злосторствата што таа ги прави во Појасот Газа“, изјави еден од студентите од Болоња, кој протестира.
Студентите исто така повикуваат на бојкот на академските договори со израелските универзитети, особено ако соработката е поврзана со технологии со двојна употреба (цивилна и воена).
Протестите во Италија следат по десетиците пропалестински протести во американските кампуси во последните недели, каде што беа уапсени стотици студенти.