Рускиот и белорускиот воен маневар кој започна во четвртокот (14.09) е наречен „Запад“ и има за цел да покаже каде точно треба да биде загрижен Западот.
Русија и Белорусија го започнаа продолжениот маневар, критикуван во меѓународни размери, под името „Запад“ - Запад. Во оваа вежба војниците ќе се обучуваат за современи конфликти, соопшти Министерството за одбрана во Москва. „Обуката има чисто одбранбена функција и не е насочена против ниту една земја или група земји“, соопшти Москва.
100.000 или „само“ 12.700 војници?
Во седумдневните вежби, според официјалните податоци, ќе треба да учествуваат војници од двете земји, околу 250 тенкови и воени бродови. Некои земји од НАТО се на мислење дека бројот на војници во маневарот е многу поголем. Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен проценува дека има до 100.000 војници. Критичарите се плашат и од фактот дека војниците нема да ја напуштат земјата по маневрите.
Столтенберг: Нема непосредна опасност
Бројот на војници е важен во воените маневри. Доколку се надмине учеството на 13.000 војници во маневрите, Русија, според прописите на ОБСЕ, мора да дозволи странски набљудувачи. Од анексијата на Крим во јануари 2014 година, зголемена е нервозата во регионот и меѓу неговите западни соседи. Во случаите на маневри кружи стравот од војна. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека „овој маневар е најважниот настан за вооружените сили“. Но, источните соседи и НАТО се сомневаат дека тоа е само одбранбен маневар.
Како одговор на руските маневри, САД распоредија борбени авиони во Литванија. Се очекува и американски воени бродови да се преселат кон Балтичкото Море. НАТО е буден, но „нема непосредна опасност“, изјави во средата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
{галерија}