Тајланд започна воздушни напади врз цели во Камбоџа, потврдија министерствата на двете земји. Нападот следеше по воздушен напад на камбоџа врз Тајланд, во кој загинаа најмалку 12 цивили. По воздушниот напад, Тајланд ги затвори сите гранични премини со Камбоџа, јавува Би-Би-Си.
Министерството за одбрана на Камбоџа ги потврди тајландските воздушни напади, велејќи дека борбени авиони биле употребени за да фрлат две бомби на пат на камбоџанска територија. Тие го обвинија Тајланд за кршење на билатералниот договор со отворање оган врз камбоџанската војска.
Најмалку 12 цивили во Тајланд беа убиени во камбоџанско гранатирање во четврток. Локалните медиуми, исто така, известуваат дека цивилите бегаат од пограничните области во обид да најдат засолниште.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за започнување на конфликтот.
Тајландската војска соопшти дека распоредила борбен авион Ф-16 против камбоџанската армија, по неколкунеделни тензии околу граничниот спор што ескалираше во вооружени судири. Од шесте авиони Ф-16 што Тајланд ги подготви за интервенција на спорната граница, еден од нив нападна камбоџанска воена цел и ја уништи.
ВИДЕО:
Камбоџанските сили започнаа напади врз тајландските гранични области, предизвикувајќи цивилни жртви
— Thenationthailand (@Thenationth) Јули 24, 2025
.
Камбоџанските сили наводно го интензивирале нападот врз граничните региони на провинциите Сурин и Сисакет во Тајланд, користејќи повеќекратни ракетни лансери БМ-21 Град 122 мм.
.
Според… pic.twitter.com/RoGRo4FMdZ
Според тајландската војска, сè започнало кога во четврток наутро се слушнал дрон, а потоа шест вооружени камбоџански војници биле видени како се приближуваат кон границата. Тајланѓаните тврделе дека се обиделе да ги предупредат, но камбоџанската страна отворила оган.
Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Камбоџа соопшти дека Тајланд го започнал вооружениот конфликт и дека камбоџанската војска дејствувала „строго во самоодбрана“.
Камбоџанскиот премиер Хун Манет изјави дека Тајланд ги нападнал камбоџанските воени позиции во областите Прасат Та Моан Том и Прасат Та Крабеј во покраината Оддар Минчи, а потоа го проширил нападот по границата помеѓу камбоџанската покраина Преах Вихер и тајландската покраина Убон Рачатани.
Двете земји имаат долгогодишен спор околу суверенитетот над храмот Преах Вихер, за кој Меѓународниот суд на правдата пресуди во корист на Камбоџа во 1962 и 2013 година, но Тајланд не ја признава пресудата.
Зошто Тајланд и Камбоџа ризикуваат нова војна?
Тајланд и Камбоџа со децении се во нерешен граничен конфликт. Тензиите околу спорните територии повторно ескалираа оваа година, што доведе до крвави судири и влошување на дипломатските односи.
1907
Корените на граничниот спор датираат од 1907 година, кога за време на францускиот колонијален период во Камбоџа била изработена гранична карта. Оваа карта станала основа за претензии на Камбоџа кон неколку гранични области, но поради нејзините двосмислености, Тајланд се спротивставил на неа.
И покрај дипломатските напори и интервенцијата на меѓународните институции, вклучувајќи го и Меѓународниот суд на правдата во 1962 година, кој ѝ ја додели спорната територија на Камбоџа, прашањето никогаш не беше конечно решено, особено за областите каде што се наоѓаат историски храмови од големо културно значење.
-2008 2011
Воени судири избувнаа неколку пати во пограничните области од 2008 година. Една од најсериозните ескалации се случи во 2011 година, кога борбите се фокусираа на џунгла каде што се наоѓа античкиот храм Преах Вихер, над кој двете страни тврдат дека имаат суверенитет.
По седумдневни борби, во кои загинаа најмалку 15 лица, а десетици илјади цивили беа раселени, страните прогласија прекин на огнот. Истата година, меѓународен суд нареди повлекување на трупите и создавање демилитаризирана зона, но сè уште не е одлучено кој ќе ја контролира пошироката спорна територија.
28 мај 2025
Граничните спорови повторно ескалираа оваа година. Камбоџански војник беше убиен во вооружена престрелка, доведувајќи ги односите меѓу двете земји на најниско ниво во последните години.
15 јуни
Тајландскиот премиер Паетонгтарн Шинаватра оствари телефонски разговор со де факто лидерот на Камбоџа, Хун Сен, во обид да ги намали тензиите.
18 јуни
Објавувањето на снимката од овој разговор од страна на Хун Сен на Фејсбук предизвика силни реакции во Тајланд. Во разговорот, Паетонгтарн ја нарече тајландската војска „другата страна“, а Хун Сен го нарече „чичко“, нудејќи му да му помогне во сè што ќе посака.
Овие коментари беа сметани за навредливи кон тајландската војска и несоодветни за шеф на држава. Таа се соочи со критики од сите политички крила и повици за нејзина оставка.
Уставниот суд на Тајланд привремено ја суспендираше Паетонгтарн од функцијата, прифаќајќи ја петицијата поднесена од сенаторите во која ја обвинуваат за кршење на етичките стандарди поради разговорот. Таа се извини јавно и рече дека нејзината намера не била за лична корист.
23 јули
Тајландски војник ја загуби десната нога во експлозија на мина на границата. Како одговор, Тајланд објави дека ќе ги намали дипломатските односи со Камбоџа: го отповика својот амбасадор од Пном Пен и го протера камбоџанскиот амбасадор од Бангкок.
Потоа беше објавено дека камбоџанската армија отворила оган врз цивили во Тајланд, при што досега загинале најмалку 12 лица. Тајланд ја затвори границата со Камбоџа.
Двете страни се обвинуваат меѓусебно за започнување на конфликтот.