Војната на САД против Иран досега чинеше 29 милијарди долари - проценка што беше повисока од бројката од 25 милијарди долари што високи претставници на Пентагон му ја дадоа на Конгресот пред две недели.
„Значи, во времето на сведочењето (пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом), тоа беше 25 милијарди долари, но тимот на Здружениот штаб на вооружените сили и тимот на Контролорот постојано ја разгледуваат таа проценка, а сега мислиме дека е поблиску до 29 долари“, рече Џеј Херст, кој ја извршува функцијата Контролор на Пентагон, во вторникот за време на сослушувањето пред Комитетот за буџет на Претставничкиот дом.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеСи-Ен-Ен претходно објави дека проценката од 25 милијарди долари што Херст му ја даде на Конгресот во април е ниска бројка што не ги вклучува проценетите трошоци за санирање на обемните штети на американските бази на Блискиот Исток. Извор рече дека поточна проценка е поблиску до 40 до 50 милијарди долари, кога ќе се земат предвид тие трошоци за поправка и замена на оштетените средства.
На прашањето дали може да даде поформален опис на цената на војната со Иран, министерот за одбрана Пит Хегсет рече дека Пентагон ќе „сподели што може да направи... кога тоа ќе биде релевантно и потребно“.