Иранскиот врховен лидер помилува илјадници затвореници, вклучително и странци и лица обвинети за злосторства против државата, објави новинската агенција ИРНА.
ИРНА објави дека ајатолахот Али Хамнеи се согласил да помилува и да ги ублажи казните на 2,886 затвореници по предлог на шефот на судството, Гомхосеин Мохсеини Еџех. Смртните казни на 59 лица беа заменети со затворски казни.
Меѓу простените се 39 осудени за кривични дела против државата и 40 странски државјани.
Хамнеи, кој го има последниот збор за државните работи, помилува затвореници во посебни прилики, како што е роденденот на пророкот Мухамед, кој е во сабота.