KOHA.net

СВЕТОТ

Светските лидери му честитаат на Трамп

Доналд Трамп

Доналд Трамп

Фото: Асошиетед прес

Светските лидери во понеделникот му честитаа на Доналд Трамп за неговата инаугурација како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше меѓу оние кои му честитаа на Трамп.

„Претседателот Трамп е секогаш одлучен, а политиката на мир преку сила што ја најави нуди можност за зајакнување на американското лидерство и постигнување долгорочен и праведен мир, што е врвен приоритет“, рече Зеленски. 

На 22 февруари се навршуваат три години од почетокот на руската офанзива од големи размери против Украина.
Претседателот Трамп претходно вети дека ќе стави крај на руско-украинската војна во рок од еден ден откако ќе стане претседател, па дури и пред неговата инаугурација. Неодамна, советниците на Трамп рекоа дека решавањето на овој конфликт сега ќе трае со месеци, па дури и повеќе.

Претседателот Трамп изрази скептицизам за континуираната воена поддршка на САД за Киев.

И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Трамп за почетокот на неговиот втор мандат.

„Верувам дека нашата соработка дополнително ќе ја продлабочи американско-израелската алијанса“, рече Нетанјаху.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила во неделата, само еден ден пред претседателот Трамп да ја преземе функцијата.

Со нетрпение очекувам да работам со вас за ослободување на преостанатите заложници, уништување на воените капацитети на Хамас и ставање крај на политичкото владеење на оваа група во Појасот Газа и гарантирање дека Газа никогаш не стане закана за Израел“, додаде Нетанјаху.

Претседателот Трамп, исто така, доби честитки од генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, како и од сојузниците на Соединетите држави како Германија, Италија и Велика Британија.

„САД се наш најблизок сојузник и целта на нашата политика е секогаш добри трансатлантски односи“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Британскиот премиер Кир Стармер ја истакна долгогодишната врска меѓу Соединетите Држави и Велика Британија.

„Со векови, нашите земји имаат траен однос на соработка и партнерство“, рече Стармер. „Врз основа на долгата љубов и историските врски на претседателот Трамп со Обединетото Кралство, знам дека нашето длабоко пријателство ќе продолжи.

И италијанскиот премиер Џорџија Мелони, која присуствуваше на церемонијата на инаугурација во Вашингтон, рече дека е „сигурна дека пријателството меѓу нашите земји и вредностите што не обединуваат ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката меѓу Италија и САД“.

Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино критикуваше дел од говорот на претседателот Трамп во кој тој ја повтори желбата да ја врати контролата на САД врз Панамскиот канал.
Соединетите Држави ѝ дадоа целосна контрола на стратешки важниот канал на Панама во 1999 година.

„Во име на Република Панама и нејзиниот народ, морам да изразам целосно противење на делот од говорот на претседателот Доналд Трамп во врска со Панама и нејзиниот канал“, рече Мулино во изјавата./VoA
 

Прочитајте други ажурирања
Доналд Трамп

Инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател

 Членовите на семејството на Трамп и другите гости почнаа да се собираат на инаугурацијата Семејството на Доналд Трамп...