Русија ќе продолжи да ги гаѓа локациите што ги користи украинската војска, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, објави во неделата Ројтерс.
Рускиот висок дипломат ја даде оваа изјава откако украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија извршила над 70 напади во еден ден.
Лавров додаде дека смртоносниот ракетен напад врз станбена зграда во Киев минатата недела „апсолутно не бил цивилна цел“.
„Ќе продолжиме да ги гаѓаме локациите што ги користи украинската војска, некои странски платеници и инструктори кои Европејците официјално ги испратија за да помогнат во гаѓање руски цивилни локации“, изјави Лавров за Си-Би-Ес во интервјуто снимено минатиот четврток.
Нападот во Киев, во кој загинаа најмалку 12, предизвика голема реакција од американскиот претседател Доналд Трамп до рускиот претседател Владимир Путин.
„Владимир, СТОП! напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Зеленски во неделата рече дека ситуацијата е тешка, бидејќи војната се одвива на неколку фронтови.