KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Хрватска, Србија и БиХ губат десетици илјади жители годишно

Сараево, 30 јуни - Поголемиот број на луѓе кои умираат во споредба со оние што се родени и миграцијата во странство се главните причини поради кои Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина годишно губат десетици илјади жители.

Минатата година Хрватска остана без 36.456 жители, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. На овој начин Хрватска минатата година имаше негативен природен прираст, поради тоа што бројот на родени е за 14.005 помалку од бројот на умрените.

Бројот на умрени лица во Хрватска во 2016 година изнесува 51.542, додека бројот на родени 37.537.

Минатата година од Хрватска заминале 36.436 лица кои се иселиле во странство, додека во истиот период во земјава дошле 13.985 лица. Така и на ова поле Хрватска бележи намалување на бројот на населението за 22.451 жител.

Во Србија и Босна и Херцеговина (БиХ) ситуацијата не е воопшто подобра. Последните објавени податоци за Босна и Херцеговина во 2015 година покажуваат дека и оваа држава бележи намалување на бројот на населението за 8.380 жители.

Во текот на 2015 година, бројот на починати во оваа земја изнесува 38.150 жители, наспроти 29.770 кои се родени истата година.

исто така Шокираната Хрватска загуби 10 отсто од своите жители за 10 години СВЕТОТ Шокираната Хрватска загуби 10 отсто од своите жители за 10 години

Србија, која ги има најновите податоци за овој сегмент објавени за 2015 година, е прилично во минус. Природниот прираст на Србија бележи минус за 38.021 жител, бидејќи бројот на умрени е поголем од бројот на родени.

Статистичките бројки покажуваат дека бројот на починати во Србија таа година бил 103.678 наспроти 65.657 раѓања.

Ниту Босна и Херцеговина, ниту Србија не се поштедени од заминувањето на жителите во странство, чиј број достигнува десетици илјади.