Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски доколку е потребно.
Ова пред новинарите го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Самиот Путин рече дека ќе биде подготвен да преговара со Зеленски доколку е потребно“, рече тој.
Песков додаде дека за правната основа на договорите треба да се разговара.
„Имајќи ја предвид реалноста дека легитимноста на Зеленски може да биде доведена во прашање“, додаде тој.
