30-дневниот мораториум на нападите врз енергетската инфраструктура во Украина нареден од рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец „истече“, соопшти во петокот Кремљ, објави Гардијан.
На 18 март Русија објави делумен прекин на огнот по телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, но и Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за прекршување на истиот.
„Месецот навистина истече“, изјави секретарот за печат на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„За сето ова време немаше други инструкции од врховниот командант, претседателот Путин“, додаде тој.
Краткиот мораториум беше една од ретките обврски што Трамп ги доби од Русија во неговиот обид да постигне договор за прекин на огнот во тригодишниот конфликт.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија никогаш не била сериозна во врска со мораториумот и дека Москва продолжила да ги напаѓа украинските енергетски цели и покрај зборовите на Путин.
-
Зеленски: Украина е подготвена да ги запре нападите ако Русија ги запре нападите во енергетскиот сектор
-
Трамп: Русија се согласи на делумно прекин на огнот
-
Путин призна дека украинските напади предизвикуваат недостиг на гориво во Русија
-
Зеленски ги повика САД да ја елиминираат „последната предност“ на Путин
-
Кремљ ја повторува изјавата на Путин дека војната во Украина е пред крај