Коалицијата предводена од САД која се бори против екстремистичката група Исламска држава (ИД), потврди дека самопрогласениот висок свештеник на групата, Турки Бинали, е убиен во воздушен напад во Сирија.
„Коалициските сили го убиле самопрогласениот голем муфтија или главен свештеник на ИД, Турки Бинали, за време на воздушен напад на 31 мај во Маџад во Сирија“, соопшти вчера коалицијата, пренесе денеска rel.
Активисти и поддржувачи на Исламската држава тогаш известија за смртта на Бинали, но засега нема официјална потврда.
Овој свештеник од Бахреин беше еден од највидливите проповедници на Исламската држава и редовно се појавуваше во пропагандните видеа на екстремистичката група.
Слични статии