Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, во средата изјави дека САД користат агресивни практики во врска со дополнителни царини од 104 отсто на кинескиот увоз и ја повика администрацијата на претседателот Трамп да го реши спорот преку дијалог, пренесува Би-Би-Си.
Зборувајќи за време на прес-конференција, Џијан рече дека „легитимното право на кинескиот народ да се развива не треба да биде лишено од тарифите наметнати на производите“.
Тој додаде дека ако американскиот претседател инсистира да започне поширока трговска војна, тогаш „Кина ќе биде принудена да се бори до крај“.
Реципрочните царини на Трамп стапија на сила во средата (денес). Кина, како најголем светски извозник, првично беше погодена со царина од 34 отсто, надополнување на претходните царини.
Дополнителните царини од 104 отсто за Кина беа воведени откако Пекинг не одговори на ултиматумот на Трамп за отстранување на одмаздничката тарифа од 34 отсто за американските стоки до вторник напладне.
Стапуваат на сила „експлозивните“ царини на Трамп, Кина погодена за 104 проценти
„Експлозивните“ царини на Доналд Трамп за земјите со највисоки царини стапија на сила...-
Стапуваат на сила кинеските царини од 84 отсто за увозот од САД
-
Трговската војна продолжува, Кина одговара на САД со царини
-
Кина предупредува на тужба против САД поради царините
-
Кина ги обвинува САД за „двојни стандарди“ поради заканата од царини
-
Трамп се закани на Кина со дополнителни царини од 100%