Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, именуваше тројца свештеници како кандидати кои ќе го наследат доколку биде убиен, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на тројца ирански функционери.
Во случај на смрт на врховниот лидер, уставот на Иран бара од Собранието на експерти, свештеничко тело од 88 члена, да избере наследник. Процесот е користен само еднаш од Исламската револуција во 1979 година, кога Хамнеи беше избран во 1989 година.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеСпоред официјалните лица, Хамнеи повикал на брза транзиција во случај на негова смрт.
По претходните извештаи дека американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрлил израелските планови за атентат врз Хамнеи, самиот Трамп изјави дека врховниот лидер на Иран „е лесна цел“.
„Знаеме точно каде се крие таканаречениот Врховен лидер“, напиша Трамп во вторникот на „Социјал Траст“. „Тој е лесна цел, но таму е безбеден - не се ослободуваме од него, барем не засега“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не ја исклучи можноста Хамнеи да биде цел на војна, велејќи дека неговата смрт нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши.
А министерот за одбрана Израел Кац отиде уште подалеку, велејќи дека на Хамнеи не треба да му се дозволи да живее откако иранска ракета погоди болница во Израел.