Четири лица загинаа, а пет други се повредени во напад со нож во Рокфорд, Илиноис во средата, соопштија властите.
Според началникот на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, полицијата уапсила осомничен кој е испрашуван, пренесе АП.
Таа соопшти дека еден од повредените е во тешка состојба во болница.
Рокфорд има население од околу 150,000 жители и се наоѓа на околу 144 километри северно од Чикаго.
„Имаме четворица мртви и уште едно во тешка состојба“, рече Ред.