Властите во Белгија соопштија дека минатата година заплениле рекордно количество кокаин во пристаништето Антверпен.
Пристанишниот град стана главна европска порта за транзит на дрога од Јужна Америка.
Белгискиот министер за финансии Винсент Петегем изјави дека во Антверпен биле запленети 116 тони кокаин.
Се верува дека само мала количина од дрогата била откриена кога стигнала до пристаништето, јави Би-Би-Си.
Царинските службеници претходно изјавија дека никогаш нема да можат да ја добијат војната против моќните криминални картели.
Слични статии