KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Се очекува Израел денеска да одлучи за одговорот на Иран

Безбедносен кабинет

Се очекува израелскиот безбедносен кабинет да се состане во четврток за да донесе одлука за одговорот на земјата на иранскиот ракетен и беспилотен напад пред една недела, изјави официјален претставник за Си-Ен-Ен. 

Пред неколку дена, министерот за одбрана Јоав Галант изјави дека одговорот на Израел кон Иран ќе биде „моќен, прецизен и пред се изненадувачки“.

Иран во изминатата недела истрела стотици проектили и беспилотни летала кон Израел.

Израелските власти не известија за жртви, а изјавија дека повеќето од ракетите се неутрализирани.