Израелската војска објави дека извршила серија воздушни напади во кои, според неа, загинале над 150 борци на Хезболах во јужен Либан.
Според соопштението, меѓу убиените е и Али Рида Абас, идентификуван како командант на Хезболах во Бинт Џбеил, област која беше место на жестоки судири меѓу израелските сили и милитантите во деновите пред прекинот на огнот, пишува АП.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеИзраел не презентираше докази во поддршка на овие тврдења, додека Хезболах не ја потврди веднаш смртта на својот командант.
Прекинот на огнот меѓу страните стапи на сила рано наутро во петокот, по период на ескалација на насилството во регионот.