Иран објави дека ги прекинал воените операции против Израел, но предупреди дека ќе ги продолжи доколку продолжат нападите, вклучително и во јужен Либан.
„Моќните вооружени сили на Исламската Република Иран, во поддршка на угнетениот народ на Либан, му дадоа болен одговор на овој режим (Израел)“, се вели во соопштението на иранската војска, цитирано од новинската агенција Тасним.
„Доколку агресиите и непријателските акти продолжат, вклучително и во јужен Либан, ќе бидат преземени многу поостри и поразорни мерки од претходно“, соопшти армијата.
Иран и Израел разменија ракетни напади рано наутро во понеделник, што започна кога Техеран нападна делови од Израел.
Иран соопшти дека ги започнал нападите откако Израел во неделата нападна периферија на либанскиот главен град Бејрут, и покрај тоа што Вашингтон го предупреди Нетанјаху да не го прави тоа.
Израел нападна петрохемиски објект во Иран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија напади врз „неколку цели“ во ирански петрохемиски комплекс...-
Трамп бара од Израел и Иран „веднаш да ги запрат нападите“
-
Израел вели дека неговите војници продолжуваат да дејствуваат во Либан
-
Иран и Израел престануваат да се напаѓаат едни со други
-
Иран ги прекина разговорите со САД поради ескалацијата на израелската војна во Либан
-
Израел соопшти дека започнал копнени операции во Либан