Поранешниот борец на Ултимејт фајтинг шампионатот (УФЦ) Конор Мек Грегор ќе се кандидира за претседател на Ирска за време на изборите што ќе се одржат во ноември оваа година.
Контроверзниот поранешен борец во четвртокот ја објави својата кандидатура со антиимиграциски ставови.
Мек Грегор, кој неодамна се појави како фигура на екстремната десница во Ирска, изјави во медиумите дека ќе се кандидира за претседател за да се спротивстави на новиот миграциски пакт на Европската унија, кој има за цел подеднакво да го распредели товарот на барателите на азил низ целиот блок. објави Си-Ен-Ен.
Тој изјави дека доколку биде избран за претседател, ќе одржи референдум за овој пакт на ЕУ. „Иако јас силно се спротивставувам на овој пакт, тоа не е мое решение ниту на владата, туку на народот на Ирска! Секогаш“, напиша тој.
„Кој друг би се спротивставил на владата за да се спротивстави на оваа иницијатива? Секој кандидат што ќе се обидат да го инсталираат нема да одолее, јас ќе одолеам“, напиша тој во објавата на својот Инстаграм профил, каде има 46 милиони следбеници.
Објавата дојде неколку дена откако Мек Грегор (36) се појави во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп на Денот на Свети Патрик, каде што стана последниот европски поддржувач на американскиот претседател во промовирањето на неговиот антиимиграциски став.
Ирскиот лидер Мајкл Мартин рече дека коментарите на Мек Грегор „не го одразуваат духот на Денот на Свети Патрик, ниту ставовите на народот на Ирска“.
Мек Грегор претходно беше заштитно лице на Ултимејт фајтинг шампионатот. Роден во Даблин, Мек Грегор беше првиот борец кој држеше два УФЦ појаси во исто време. Според Форбс, тој бил најплатен спортист во светот во 2021 година.