Словачката полиција во петокот го испрати осомничениот за обид за атентат врз премиерот Роберт Фицо во неговиот дом за да изврши истрага.
Словачката телевизија Маркиза објави снимка на која се гледа како осомничениот е однесен во неговиот дом во градот Левице во петокот наутро. Медиумот објави и дека во овој случај полицијата одзела компјутер и некои документи, пренесува АП.
Осомничениот потоа бил изнесен од куќата и ставен во полициско возило, додека на снимката се гледа дека носи панцир.
Полицијата се уште не го соопштува идентитетот на осомничениот, поради забрана на обвинителството.
Фицо (59) беше застрелан пет пати од непосредна близина од маж додека се поздравуваше со приврзаниците во градот Хандлова.
Настанот се случи пред тамошниот културен центар, по средбата што Фицо ја имаше со неговиот владин кабинет.
Словачките владини претставници во петокот изјавија дека тој бил опериран, додека според нив состојбата и понатаму е сериозна.
ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО: