Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ги осудува воените дејствија на Русија во Украина, како и сојузниците од ЕУ и НАТО.
Како членка на европскиот блок и НАТО, која граничи со Украина, Унгарија под водство на Орбан создаде блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.
Ова загрижи многу западни партнери.
Орбан, кој ја предизвика ЕУ со својата антимиграциска политика, рече дека голем број украински бегалци се приближиле до границите и дека се очекува бројот да се зголеми.
Тој рече дека Унгарија е „подготвена да се грижи за нив и ќе се соочи со овој предизвик брзо и ефикасно“./REL/
Слични статии
-
Орбан: Вистинската закана за Унгарија не е Русија, туку ЕУ
-
Орбан ѝ подава рака на Полска, Варшава го отфрла
-
Путин го обвинува Западот дека отворено се подготвува за војна со Русија
-
Кремљ се надева на прагматични врски со новото унгарско раководство
-
Унгарија ќе ја запре испораката на природен гас за Украина