Британската влада размислува да го одложи укинувањето на ограничувањата за уште четири недели во Англија, изјавија извори за Би-Би-Си.
Последната фаза на укинување на ограничувањата беше закажана за 21 јуни.
Но, оваа одлука може да биде донесена по зголемувањето на случаите на СОВИД-19 и ширењето на варијантата Делта.
Одлуката се уште не е донесена, но податоците ќе се разгледуваат до објавување на јавното соопштение во понеделник.
Одложувањето на датумот на укинување на ограничувањата ќе овозможи програмата за вакцинација да има поголем ефект.
Последниот дел од укинувањето на ограничувањата во Англија вклучува отворање ноќни клубови и дозволување свадби и други настани.
Слични статии
-
Англија ги укина речиси сите ограничувања против коронавирусот
-
Британија ги продолжува мерките против Ковид до 19 јули
-
Се очекува Англија да ги продолжи рестриктивните мерки
-
Се очекува Џонсон да го објави одложувањето на ослободувањето на мерките во Англија
-
Се очекува Велика Британија да го одложи отворањето на земјата за 19 јули