Еден вид хамбургер од Мекдоналдс заболе десетици луѓе во САД, соопшти Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), при што едно лице потоа умре.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеВо хамбургерите на Мекдоналдс е пронајдена E. coli, вид на бактерија која може да предизвика сериозни стомачни проблеми, соопшти ЦДЦ.
Досега Центарот има регистрирано 49 случаи во 10 држави. Осум лица се хоспитализирани, а еден починал, јави Би-Би-Си.
Мекдоналдс работи со иследниците за да утврдат која состојка ја предизвикала појавата, се вели во соопштението на ЦДЦ.
ЦДЦ соопшти дека се верува дека кромидот е изворот на труењето, па сега истражува дали истиот кромид бил дистрибуиран на други бизниси.