Судија во Вашингтон и нареди на Белата куќа повторно да му дозволи пристап на новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Акоста, откако американската тајна служба му ги укина ингеренциите.
Во одлуката се наведува дека треба да се врати пристапот иако Си-Ен-Ен ја тужеше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Коха.нет.
Прочитајте исто така: Белата куќа го суспендира пристапот до новинарот на Си-Ен-Ен
Судијата Тимоти Џеј.
Прочитајте исто така: Си-Ен-Ен го тужи Трамп за враќање на ингеренциите на дописникот
Судијата рече дека одлуката на Белата куќа можеби го прекршила правото на новинарот на слобода на печатот.
Говорејќи пред судот, Акоста ја поздрави одлуката и им се обрати на сите новинари „да се вратиме на работа“.
Адвокатот на Акоста ја опиша одлуката како „прекрасен ден за првиот амандман и новинарството“.
исто така
Си-Ен-Ен го тужи Трамп за враќање на ингеренциите на дописникот
Си-Ен-Ен, од друга страна, во соопштението наведе дека „ние сме многу среќни со оваа одлука и со нетрпение ги очекуваме резултатите во наредните денови“.
„Нашата искрена благодарност до сите оние кои го поддржаа не само Си-Ен-Ен, туку и слободниот, моќен и независен американски печат“, се вели во соопштението.