Германија ризикува да биде вовлечена во вооружен конфликт со Русија, бидејќи Москва го интензивира она што германските власти го нарекуваат „војна во сенка“ против европските демократии, објави Ројтерс.
Предупредувањето го упати шефот на германската Федерална разузнавачка служба, Мартин Јегер, за време на јавна седница во парламентот, каде што раководителите на разузнавачките служби известуваа за безбедносните закани.
Јегер рече дека конфронтацијата со Русија влезе во нова и поопасна фаза. Според него, Германија би можела да биде вклучена во вооружен конфликт со Русија и како пример го наведе обидот за напад со беспилотни летала врз аеродромот во Лајпциг.
Германските власти постојано предупредуваат дека Русија води хибридна кампања, вклучувајќи напади со беспилотни летала и сајбер напади. Берлин ја обвини Москва дека стои зад обидот за напад со беспилотни летала врз аеродромот во Лајпциг во август.
Русија постојано ги негира обвинувањата дека има намера да ги нападне земјите-членки на НАТО.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четврток дека Москва не се заканува на никого и нема намера да нападне која било земја, без разлика дали во 2029, 2030 или 2050 година. Сепак, тој додаде дека во случај на агресија против Русија, неговата земја ќе одговори.
-
Германија го зајакнува разузнавањето, ги укинува ограничувањата за своите агенции
-
Путин повторно му се заканува на Западот со нуклеарно оружје
-
Данско разузнавање: Русија би можела да нападне земја-членка на НАТО за неколку месеци
-
Европските разузнавачки служби предупредуваат на решителни акции на Москва против НАТО
-
Макрон: Руските хибридни напади врз Европа се интензивираат