Украинските власти во вторникот соопштија дека во градот Харков и околината во текот на последниот ден како последица на руските бомбардирања шест лица загинале, а осум се повредени, пренесува Си-Ен-Ен.
Веста ја соопшти Олех Сјунијехубов, воен гувернер на регионот Харков.
„Во текот на последниот ден окупаторите погодија 54 пати со различни оружја со долг дострел: артилериски напади, противтенковски гранати, бомби, ракети. Зафатени се областите Салтивка, Пјатихатка, Олексијевка, Холодна Хора, Дерхачи, Барвинкове, Чухуив. Меѓу цивилното население има жртви од вчерашните напади во Харков и Чухуив. Во Харков и околината – четворица мртви и тројца хоспитализирани. Во Чухуив – двајца загинати, петмина повредени“, изјави Синеихубов.