KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Финска ги поедноставува процедурите за абортус

Финскиот парламент одобри реформи кои ќе ја поедностават процедурата за абортус во земја која досега строго ја регулираше оваа област, пишува CNN.

Според изменетиот закон, на жените ќе им треба само одобрение од лекар пред да ја прекинат бременоста.

Според сегашниот фински закон, кој датира од 1970 година, на жените им требаше одобрение од двајца лекари пред да направат абортус.

Граѓаните на Финска сега можат да побараат и медицински абортус до 12-та недела од бременоста, без да мора да наведат дополнителни причини.

Новите реформи беа одобрени во средата од 125 пратеници во 200-члениот фински Едускунта (парламентот), додека 41 пратеник гласаа против законот.

Изменетиот закон најверојатно ќе стапи на сила на почетокот на следната година. Гласањето во парламентот дојде откако граѓанската иницијатива во 2020 година за ова прашање собра повеќе од 50 потписи.