Филипините забранија бракови за лица помлади од 18 години. Законот стапи на сила веднаш, а секој што ќе го прекрши е осуден на 12 години затвор.
Според законот, државата смета дека детските бракови се форма на злоупотреба на деца, бидејќи ја деградира вредноста и достоинството на детето. Од овој момент, секој што ќе стапи во брак, или едноставно ќе живее со лице под 18 години, ќе организира или слави такви врски, ќе биде осуден на 12 години затвор.
Но, овој закон сепак ќе биде одложен за тамошните муслимански и домородните заедници, меѓу кои раните веридби и бракови се многу чести. Во овој период Владата ќе се обиде да го убеди овој дел од населението да се откаже од оваа практика.
План Интернешнл, британска група за човекови права која напорно работеше на донесување на овој закон, ги рангираше Филипините на 12-то место во светот според бројот на детски бракови.
-
Од Австралија до Европа - Земјите брзаат да им забранат на децата пристап до социјалните медиуми
-
Малдивите забрануваат пушење за сите родени по 1 јануари 2007 година
-
Жестока дебата за сексуалното образование во длабоко католичка нација
-
Стравот на непалските девојки од раниот брак
-
Ирак усвои закон за кој се смета дека ги легализира детските бракови