KOHA.net

СВЕТОТ

Еврозоната ја намалува каматната стапка

Еврозоната

Европската унија стана втората голема економија во светот која оваа недела ги намали каматните стапки на заемите, претставувајќи го овој потег како напредок во борбата против инфлацијата.

Европската централна банка (ЕЦБ) објави дека главната каматна стапка од рекордната вредност од 4 отсто паднала на 3.75.

Одлуката на ЕУ следи по онаа на Канада, која исто така ја намали својата каматна стапка.

Кристин Лагард, претседател на ЕЦБ, рече дека изгледите за инфлацијата се подобрија „значително“, отворајќи го патот за намалување на стапките. Сепак, таа предупреди дека инфлацијата ќе остане над целта од 2 проценти (2.5 проценти во 2024 година и 2.2 проценти во 2025 година).

ЕЦБ соопшти дека ќе ја држи цврста политиката на каматните стапки се додека ѝ е потребно да се бори против инфлацијата под целта на Банката од 2 отсто.

Намалувањето на кредитната камата се очекува да ја зголеми економската активност преку поевтинување на кредитите.