Обединетите Арапски Емирати ќе одвојат 100 милиони долари за помош на Турција и Сирија по смртоносниот земјотрес, објави во вторникот Ројтерс.
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, нареди да се распределат овие средства за поддршка на напорите за помош од земјотресот во Сирија и Турција, објави државната новинска агенција ВАМ.
Повеќе од 5000 луѓе се потврдени мртви во Турција и Сирија по земјотресот со јачина од 7.8 степени според Рихтеровата скала што го погоди во понеделник наутро.
Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека бројот на жртви во Турција достигна 3419.
Уште 20,534 се повредени, а речиси 6,000 згради се урнале.
Во Сирија, бројот на загинати се искачи на 1,602.