Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, објави дека ја формирал „Американската партија“.
Одлуката за основање на оваа партија беше донесена еден ден откако тој ги праша своите следбеници на X дали треба да формира нова партија за американската политичка сцена.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка Придонесете„Во сооднос од 2 спрема 1, сакате нова партија и мора да ја имате. Денес, Американската партија е формирана за да ви ја врати слободата“, напиша тој.
Оваа партија, според Маск, ќе им се спротивстави и на републиканците и на демократите. До сабота наутро, над 65% од приближно 1.25 милиони учесници гласаа „за“ нејзиното формирање.
Одлуката на Маск дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потпиша закон со кој ќе се обезбедат големи намалувања на даноците на кои основачот на Тесла остро се спротивстави. Маск дури се закани дека ќе ги финансира политичките противници на секој член на Конгресот кој ќе гласа за законот. Тој рече дека ќе ја формира „Американската партија“ ако законот биде усвоен. Претставничкиот дом го усвои законот со 218-214. Само двајца републиканци им се придружија на демократите во обидот да го блокираат. Во Сенатот, гласањето беше изедначено 50-50, при што потпретседателот Џ.Д. Венс гласаше „за“. Трамп го потпиша во петокот.
Самиот Маск донираше стотици милиони долари за кампањата за реизбор на Трамп. Тој, исто така, кратко го водеше новосоздадениот Оддел за владина ефикасност (DOGE) на администрацијата на Трамп, кој имаше за цел да ги намали трошоците, но подоцна двајцата се судрија.
Претходно во текот на денот, „Гардијан“, во анализа, истакна дека партијата на Маск ќе може да се фокусира на неколку важни позиции во Сенатот и Претставничкиот дом, со цел да обезбеди влијание врз важните одлуки.