Уште осум лица беа уапсени во Хонг Конг во петокот под сомнение за корупција за време на реновирање на неколку високи згради, по пожарот во кој загинаа најмалку 128 лица. Три други лица беа уапсени претходно под обвинение за убиство од небрежност.
Независната антикорупциска комисија објави дека истрагата за причините за пожарот е сè уште во тек. Според властите, меѓу уапсените во петокот има директори на инженерски компании и подизведувачи на скелерски работи.
Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот, додека истражителите сега ќе почнат да собираат докази, што се очекува да трае од три до четири недели.
Уште 79 лица се повредени во најсмртоносниот пожар во Хонг Конг во последните повеќе од 70 години, додека стотици други сè уште се водат како исчезнати.
-
Хонг Конг: Нови апсења за палење згради, бројот на жртви достигна 151
-
Бројот на жртви во пожарот во Хонг Конг се искачи на 128, официјални лица велат дека противпожарните аларми не работеле
-
Бројот на жртви од пожарот во Хонг Конг се искачи на 83
-
Бројот на жртви од пожарот во Хонг Конг се искачи на 75
-
65 мртви, над 300 исчезнати во пожар во Хонг Конг