Вселенското летало Сојуз со двајца Руси и еден Американец од Меѓународната вселенска станица падна во Казахстан на 23 септември, со што заврши рекордниот престој на двајца Руси во вселената.
Олег Кононенко и Николај Чуб се вратија на Земјата откако поминаа 374 дена на Меѓународната вселенска станица. Во петокот го соборија рекордот за најдолг престој на станицата. На Земјата се врати и Американката Трејси Дајсон, која во вселенската станица остана шест месеци.
Осум астронаути останаа на вселенската станица, меѓу кои и Американците Буч Вилмор и Суни Вилијамс, кои одамна требаше да се вратат на Земјата.
Американскиот пар отиде на Меѓународната вселенска станица во јуни како прв екипаж на новото вселенско летало на Боинг Старлајнер. Но, нивното патување во вселената наиде на проблеми поради истекување на хелиум, а американската вселенска агенција, НАСА, одлучи дека е премногу опасно за нив да се вратат на Земјата со вселенското летало Старлајнер.
Двајцата астронаути се очекува да се вратат на Земјата следната година со вселенско летало SpaceX./REL