На крајот на краиштата, аналитичарите ќе веруваат во се што е поврзано со историскиот самит што се очекува да ги спои Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, па кога Њујорк пост објави дека на самитот може да се појави кошаркарската ѕвезда Денис Родман, никој не беше изненаден.
Но, кошаркарската дипломатија можеби е соодветна во однос на Северна Кореја, објаснува Мајкл Маден, пишува денеска „Коха диторе“.
Првиот Американец кој се сретна со двајцата претседатели
Денис Родман се издвојува по нешто изненадувачки. Тој стана првиот Американец кој се сретна со двајца претседатели: Доналд Трамп и Ким Џонг-ун. Тој двапати се појави во ТВ-шоуто на Трамп „The Apprentice“ и пет пати патуваше во Северна Кореја.
Тој дури тврди дека и дал на Ким копија од „Уметноста на договорот“, прирачникот на Трамп за тоа како да управувате со големите бизниси... (прочитајте повеќе денес во „Коха диторе“)