Ученик во понеделникот отвори оган во приватно католичко училиште во Висконсин, САД, при што уби две лица, а рани шест други. пренесува „Би-Би-Си“.
Шефот на полицијата во Медисон, Шон Барнс, во понеделникот вечерта изјави дека зад нападот стои 15-годишен ученик.
Властите рекоа дека таа била на час во христијанското училиште Абндантт Лајф кога отворила оган. Таа била пронајдена мртва на местото на настанот. Шест ученици се повредени, двајца се во критична состојба. Убиени се наставник и ученик. Мотивацијата за нападот се уште не е идентификувана.
Барнс рече дека не е јасно како го имала пиштолот.
Името на напаѓачот, рече тој, е Натали Рупноу, која беше позната и како Саманта. Таа е осомничена дека извршила самоубиство.
-
Две деца убиени во напад во американско католичко училиште
-
Тројца загинати и шестмина повредени во напад на училиште во САД
-
Тројца убиени, осум повредени во пукотница во училиште на Филипините
-
Десет мртви, 25 повредени во два напада во Канада
-
Напаѓачот во училиште во Минеаполис бил опседнат со убивање деца