KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
СВЕТОТ

Демократите ќе ги започнат процедурите за смена на Трамп

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, се очекува подоцна вечерва да објави дека Демократската партија ќе започне постапка за импичмент или смена на претседателот Трамп од функцијата.

Повеќе извори ја потврдија веста за Си-Ен-Ен, пренесува КТВ. Пелоси ќе одржи прес-конференција во Вашингтон во 17:00 часот по локално време во САД.

Десетици американски конгресмени повикаа на покренување постапка за импичмент на Трамп, откако тој призна дека го поканил претседателот на Украина да го истражи неговиот политички ривал Џо Бајден.