Во Саудиска Арабија треба да започнат разговори меѓу американските и руските претставници за евентуален мировен договор во Украина.
Синоќа во Ријад се одржаа одделни разговори меѓу САД и Украина, средба која украинската делегација ја оцени како продуктивна, јави Би-Би-Си.
Во меѓувреме, Русија и Украина продолжија да се напаѓаат едни со други. Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 57 од 99 дронови лансирани во текот на ноќта, додека Русија извести дека 28 беспилотни летала биле пресретнати во другата насока.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е потребен поголем притисок врз Москва по нападите во текот на ноќта, кои ги нарече секојдневна реалност.
Украинската делегација продолжува да престојува во Саудиска Арабија за понатамошни преговори со САД
Украинската делегација продолжува да престојува во Саудиска Арабија на понатамошни разговори со САД, изјави советник за украинската новинска агенција „Униан“.
Серхи Лешченко изјави дека таквите преговори не траат само еден ден и можат да продолжат со месеци, пренесува Би-Би-Си.
Само треба да разбереме дека состаноците ќе бидат прилично редовни и не секој состанок завршува со јавни изјави“, рече тој.
Според Лешченко, разговорите со САД се за „безбедноста на инфраструктурата и поморскиот транспорт“ и за меѓусебен прекин на огнот.
Запрашан дали може да се очекуваат какви било резултати од разговорите до Велигден (20 април), тој вели дека ова е добар „симбол“, но „во реалноста на војната тоа можеби не мора да функционира“.