Силни експлозии се слушнале во Техеран во саботата навечер, објави Си-Ен-Ен од терен.
Експлозиите се слушнале околу 9:30 часот наутро по локално време во Иран. Експлозиите се случиле веднаш по активирањето на сирените за тревога во источните и западните области на главниот град.
Според извештаите, борбените активности се интензивирале и постојано се слушаат експлозии.
Ова е деветти ден откако Израел и Иран разменуваат воздушни напади. Во саботата, Израел објави дека повторно ги нападна нуклеарните постројки на Иран, а воедно изјави дека сопрел околу 99 проценти од беспилотните летала што Иран ги лансирал кон него.