Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела побара да биде вклучен во изборот на следниот врховен лидер на Иран и јасно стави до знаење дека не го поддржува Моџтаба Хамнеи, кој беше назначен доцна во неделата за наследник на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи.
Но, што рече американскиот претседател за новиот врховен лидер:
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеЧетврток, 5 март: Откако Моџтаба Хамнеи се појави како водечки кандидат на почетокот на минатата недела, Трамп го нарече „лесен кандидат“ во интервју за „Аксиос“, додавајќи дека иранската влада „го губи времето“ со неговото номинирање. „Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене“, рече тој. „Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“.
Недела, 8 март: „Ако не добие наше одобрение, нема долго да трае“, изјави Трамп за ABC News, додавајќи дека завршувањето на војната би била „заедничка“ одлука со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
По назначувањето на Хамнеи: Трамп одби детално да ја коментира одлуката во интервјуа за „Тајмс оф Израел“, велејќи едноставно „ќе видиме што ќе се случи“.